Погледнете како изгледа вилата на Доналд Трамп…

trump-st-martin

Не е никаква новост колку е актуелниот американски претседател всушност богат. Доналд Трамп ширум целиот свет поседува мноштво од луксузни недвижнини. Токму поради тоа веројатно тој решил да ја продаде фантастичната вила којашто ја поседува на Карибите, на островот Свети Мартин.

Егзотичниот имот е наречен “Le Chateau des Palmiers”, и истиот се смета за еден од најспектакуларните имоти на светот којшто се простира на огромна површина. Практично се состои од две вили – една свртена кон океанот, додека другата е свртена кон зелените површини и поседува дури 11 соби и 12 бањи.

Трамп оваа вила ја купил во 2013-та година по цена од 19.7 милиони долари, а за самиот имот опкружен со тропски палми се вели дека воопшто го редефинира поимот за луксуз. Во внатрешноста на имотот доминираат мермерот и златото, вклучувајќи ги и златните тапети и богатите драпери и завеси.

Во рамките на вилата се сместени два мастер апартмани, голема и речиси професионална кујна и медиумска соба. А за безбедноста да биде загарантирана, вилата е опкружена со висок ѕид којшто гарантира и приватност.

Иако засега не се знае колку ќе побара Трамп за овој гигантски имот, се претпоставува дека цената може да достигне и 28 милиони долари, што е за сигурност барем 10 милиони долари помалку од реалната вредност на имотот.

Според зборовите на Арун Јагтиани, сопственик на Island Real Estate тимот: “Ако некој се согласи да плати и блиску до бараната цена, тоа ќе биде првенствено само затоа што овој имот некогаш го поседувал токму американскиот претседател”.