Силна експлозија…Многу загинати во фабрика за пиротехника во Индија

g_eksplozija

Најмалку 25 лица загинаа во експлозија во фабрика за пиротехника во централните делови на Индија, соопштија денеска претставници на локалните служби.

Бројот на жртви од несреќата се зголеми откако петмина работници починаа во текот ноќта.

Припадници на службата за вонредни ситуации во вторникот ги пронајдоа јагленисаните тела на 20 работници, пренесоа француските медиуми.

Од вкупното 10-те работници кои биле примени во болница, тројца се наоѓаат во исклучително тешка состојба.

Несреќата се случила во областа Балагат, во индиската држава Мадија Прадеш.

Локален функционер изјави дека засега се уште не се знае причината за експлозијата.