Сообраќајка во Зимбабве – Загинати над 40 лица…

avtobus-500

Најмалку 43 лица загинаа во Зимбабве, кога возач на автобус ја изгубил контролата над возилото, по што удрило во дрво, соопшти денеска локалната полиција.

– Ни пренесоа дека најмалку 43 лица се загинати, наведе неименувана портпаролка на полицијата на Зимбабве, објаснувајќи дека автобусот се движел по патот кон Замбија, а возачот ја изгубил контролата при влез во кривина.

Таа наведе дека несреќата се случила синоќа, во близина на границата со Замбија.