Дознајте каква шефица сте според вашиот хороскопски знак

asisten11

Не е секој роден за лидер и шеф, но секој може да ја извршува таа функција според своите способности и на свој начин. Некои знаци се природно подобри шефови од другите, некои се напорни, некои попочитувани од останатите и слично. Каква шефица сте вие според вашиот хороскопски знак?

Овен

Вие сте шефица која без размислување скока од авион – но со полно право очекува и сите други да скокнат веднаш по неа. Таа поттикнува, надградува, го извлекува најдоброто од сите на кои им шефува, никој не е запоставен и никој не може да се прави невидлив, бидејќи таа е вклучена 100%, во секој момент. Јаде изобилно, но никогаш не се дебелее. Најверојатно, затоа што целата енергија ја троши на своите вработени и ги учи како да го следат нејзиниот пример.

Бик

Таа делува како добар шеф, бидејќи никогаш нема да ве казни, ниту да ве отпушти, но ако еднаш ја напуштите таа работа, ќе откриете дека сте заминале со помалку искуство и компетенции отколку што сте можеле да ги стекнете покрај строгиот и подобар шеф. Но таа, шефицата Бик, никогаш нема да ги признае своите грешки. Таа огледува зеленчук во својата градина и ќе ве обезбедува во текот на сите сезони, па воопшто не морате да го купувате од маркетите.

Близнаци

Добрата работа со оваа шефица е тоа што таа разговара со луѓето и изразува искрена симпатија. Таа нема да навлегува во канцелариските оговарања и нема да сака кога некој ќе се обиде да ѝ се умилкува. Но, таа не е „луда“ по работата и на работното место се појавува последна, а си заминува прва. Потребен ѝ е асистент кој ќе ја извршува целата работа во нејзино отсуство. Но, и присуство. Таа не сака да работи, но сака да биде омилена шефица.

Рак

Шефицата Рак со години работи во колектив со ист состав и никој не знае никакви приватни детали од нејзиниот живот. Ниту каде живее, ниту со кој живее, ниту здравствените, ниту љубовните проблеми. Таа не сака да го меша пријателството и работата. Ако одеднаш започне да покажува симпатии и интерес за вработениот, тој може веднаш да пријави вонредна состојба, бидејќи тоа значи дека во наредните две години ќе работи прекувремено и ќе „гине“ на работното место.

Лав

Лавицата инаку е родена шефица, но кога еднаш навистина ќе ја досегне таа позиција, ќе ја искористи во целост. Таа има големи идеи и ќе ги загрее вработените со еден заразен ентузијазам, другарски пристап и симпатични барања. И кога сите ќе загризат, таа ќе го изгуби интересот и ќе задолжи некого за да го води проектот до крај. Кога ќе стигне успехот, признавањата и заслугите, сите нив ќе ги собере шефицата.

Девица

Таа својата канцеларија ја декорира со фотографии што ја исполнуваат. И додека другите на своето работно биро чуваат фотографии од своето семејство, таа се опкружува со фотографии од своите домашни миленици. Има неколку. Таа попрво би работела со животни, отколку со луѓе. Толку за нејзината предодреденост за шефување. Кога нешто не знае, никако не го признава тоа, туку ги нервира другите околу себе, па нејзините вработени ќе имаат многу презентации во последна секунда за да ѝ го објаснат она што таа не го сфатила и за кое не сакала да побара објаснување на време. Девицата е лош шеф, но сепак има и полоши.

Вага

Таа е ултимативен тимски играч. Ќе ја избере вистинската работа, без размислување, и ќе им даде пример на своите вработени без да има поим за тоа. Таа се труди, се залага и се пронаоѓа себеси во сето тоа. Но, нема моќ за командување и никој не ја сфаќа сериозно, односно, никој не се плаши од неа. Тоа е голема грешка, но не нејзина. Луѓето обично толку површно го сфаќаат почитувањето и авторитетот и едноставно им е потребно да се плашат од својот шеф. Таа не е тој тип, но и тоа како заслужува почит. Бидејќи ги избегнува караниците, нејзините предупредувања ќе бидат мирни и разумни, а кога нема да биде почитувана, само тивко ќе даде отказ и ќе земе неколку дена одмор за емотивно да се оправи од стресот заради таквата одлука. Нема шеги со шефицата Вага, иако работата со шеги со неа не е само дозволена, туку и пожелна.

Скорпија

Таа ги тренира нервите на своите подредени и им втерува страв во коски. Убедена е дека тоа е вистинскиот начин за комуницирање, таа е груба, го подигнува тонот, се заканува и навредува. Тоа не е мобинг, тоа е нејзината страст, бидејќи таа целата е полна со чувства. Заради истите тие чувства ќе западне во афера со младиот хонорарец без размислување, ќе се напие на колективната прослава и ќе излегува со сите привлечни мажи. Од неа е невозможно да побегнете, бидејќи кога некој еднаш ќе падне под влијанието на шефицата Скорпија и ќе стане дел од нејзиниот внатрешен круг, тогаш тој е заглавен засекогаш. Таа владее со својата фирма строго и целосно, како некоја богиња.

Стрелец

Таа е експлозија и струен удар и со својата енергија ги оживува безволните, ги мотивира огорчените, ги поттикнува на развој и учење оние што се пред пензија. Таа е супер шефица и сите ја обожаваат. Проблемот се создава кога ќе сфатат дека има идеи и барања кои треба останатите да ги извршат, а мораат и да смислат како, без разлика на тоа колку нејзините идеи делуваат комплицирано, нереално и напорно. А, кога сѐ ќе тргне како што сакала, таа ќе замине на Хаваи на еден месец. Кога ќе се врати ќе посака сѐ да блеска, па тешко тој што заспал.

Јарец

Најкомпетентна и најлоша шефица. Застрашувачка. Таа внесува нервоза, бидејќи секому му стои над глава и бара од сите да работат точно како што им кажала таа, бидејќи нејзините стандарди се највисоки, таа знае најдобро, а другите се најчесто поглупави, според нејзиното искуство и затоа мора постојано да ги контролира. А, кога ќе го набљудува секој чекор на своите вработени, тоа резултира со нивни грешки, бидејќи немаат мир и не можат да работат на свој начин и со сопствено темпо. И уште, ќе го „пика носот“ во животот на своите подредени тотално добронамерно. Бидејќи ним им се потребни совети за бракот, воспитувањето на децата, облекувањето, психолошка анализа на нивниот ракопис и објаснување за влијанието на месечината врз нивниот хороскопски знак во оваа работна недела. Таа дели совети иако никој не ги бара. Таа знае сѐ и воопшто не ѝ паѓа на памет дека е невозможна и неподнослива.

Водолија

Нејзината врата е секогаш затворена. Нејзе ѝ е потребна приватност и самотија за да може да размислува и да раководи. Многу приватност и самотија. Затоа роковите постојано се пречекоруваат, или постојано се работи за да се постигне, што не е лошо во фирмите кои имаат краен рок на дневна база, но не и на подолг период, бидејќи тие рокови за неа се извор на ужасен стрес. И да, таа ќе ги вклучи вработените во секоја хуманитарна акција и очекува дека тие ќе работат и на Божиќ и на Велигден, ако тоа значи уште малку пари за чувствителните групи, болните деца, старите и немоќните.

Риби

Таа е прекрасна шефица, на сите им е како мајка. Не дозволува никој да биде запоставен, им ја затвора устата на оние што мислат дека знаат сѐ, ја чувствува болката на сите оние што работат за неа. Таа се обидува сите да ги држи под своја закрила и сѐ е во ред додека некој не доведе во прашање кој било аспект од некоја нејзина одлука. Тогаш зазема одбранбен став и ‘ржи, бидејќи преиспитувањето на нејзините начини не е дозволено.