Еве што кажа владата за жените работнички

sdsm_18

СДСМ, пратениците од СДСМ и коалицијата и новата реформска Влада ќе работат на унапредување и заштита на работничките права, особено на жените работнички. За таа цел, преку сет законски измени ќе се унапреди работно законодавство со дополнителна заштита на бремените жени работнички.

Ова го истакнува СДСМ во пишана реакција на днешната прес-конференција на Нола Исмајловска Ставрова од ВМРО-ДПМНЕ на која најави дека заедно со нејзината колешка Магдалена Манаскова ќе поднесат законски измени за продолжување на породилното отсуство исти како во предлог законот на граѓанската иницијатива.

– ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да предложува и усвојува законски измени и нови закони што ќе ги унапредуваат работничките права, особено на жените работнички. Но, наместо вистинска грижа за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше посветено единствено на исполнување и заштита на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници, се вели во реакцијата од СДСМ.

Конкретниот предлог закон односно законските измени поднесени од граѓанската иницијатива, се додава во реакцијата, беа проследени со низа формално-правни неправилности и мораше да бидат вратени назад на доработка.

– СДСМ и сите пратеници од парламентарното мнозинство се сложуваат дека треба да има поголема заштита на бремените жени работнички и измени во делот на породилното отсуство во Законот за работни односи, но и дека најдобро и најефикасно е измените да се носат во пакет по одржување на широка јавна дебата со сите засегнати страни, се потенцира во реакцијата од СДСМ.