Страшна порака од ИСИС до Балканот…

dz1

Во најновиот број на списанието на екстремистичката група Исламска држава „Румија“ за Балканот, објавени се најновите терористички закани за земјите од Полуостровот. ИСИС порачува дека не го заборавила овој регион, туку дека само била преокупирана со други области, пренесува босански Кликс.

Во отворената закана тие нагласуваат дека „не ги заборавиле воените страдања на муслиманите“, а заканите се упатени главно кон Србите и Хрватите.

Екстремистите потсетуваат на терористичките напади низ целиот свет, истакнувајќи дека ова треба да биде предупредување.

Тие искажуваат отворена закана кон сите земји на Балканот, порачувајќи дека „се враќаат“ и дека досега биле преокупирани во други области.

„А знаете ли за Франција и Германија, овие земји беа зафатени од пламените на нашата војна, и Британија, која мислеше дека живее безбедно и заштитено, ја забивме нејзината глава во земја и ѝ го скршивме вратот. Сите овие земји беа горделиви и се фалеа, па една по една ги зафати нашиот удар, па останаа понижени“, се вели меѓу другото во заканата на ИСИС.

На муслиманите на Балканот Исламска држава им порачува: „Радувајте се, нема уште многу време, за кратко време ќе ги видите војниците на калифатот на улиците на Белград, Загреб, Сараево, Тирана, Приштина, Скопје и други, како откинуваат глави и ја пролеваат крвта на кафирите, сè додека кафирите не дадат данок, послушно и понизно.“