Урнат е бугарски воен хеликоптер – Пилотот пронајден мртов

helio

Еден од пилотите на бугарскиот воен хеликоптер кој вчера се урна во водите на Црното Море при воена вежба почина од повредите во Воената болница во Варна.

Другите двајца се исто така повредени, но се во стабилна состојба, објавија бугарските медиуми.

Хеликоптерот „Пантер“ пред да се урне имал мал судир со еден од бојните бродови што учествувале на воената вежба „Черно море 2017“ во моментот кога хеликоптерот вртел за да фати правец кон авиобазата „Чајка“, по што паднал во морето.

Во тој момент во леталото покрај сега покојниот пилот-капетан Георги Анастасов (38), биле и негови искусни колеги, на возраст од 49 и 50 години.

Кога бил донесен на военото пристаниште на пат кон Воената болница во Варна, Анастасов не дишел и бил во длабока кома. И покрај реанимацијата, лекарите не успеале да го спасат. Другите двајца пилоти-капетани се во стабилна состојба, но со проблеми со белите дробови, оти вдишале од чадот и гасовите од пожарот на хеликоптерот.

Се води истрага за причините за несреќата.