Од утре ќе има огромно намалување на цените на горивата во Македонија, ова се новите цени

354967-sledi-nov-rast-na-maloprodazhnite-ceni-na-gorivata-vo-makedonija

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, донесена на крајот на мај, бензините поскапеа за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари.

Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари, а 66 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини  50,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,130 денари  по килограм и изнесува 26,382 денара.

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 2,91 процент.

---

Најновите ценовни движења на суровата нафта најавуваат значително намалување на нејзината малопродажна цена во Македонија од денеска.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната Комисија за Енергетика. Одлуката ќе биде донесена напладне, а ќе важи од полноќ.