Силен земјотрес во Грција…Многу куќи урнати и повредени луѓе

earthquake

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер днеска го погоди егејскиот брег на Грција.

Според медиумите, во селото Вриса, на островот Лезбос, има најмалку десет повредени во урнати стари куќи.

Информациите говорат дека урнати се десетици куќи, а патиштата се блокирани.

Епицентарот на земјотресот, што се случил во 15.28 часот по локално време, бил на 11 километри јужно од селото Пломари, на јужниот грчки остров Лезбос, на длабочина од седум километри.

Потресот бил почувствуван и во повеќе градови низ Турција.