Силниот земјотрес си ја зема првата жртва во Грција

100195-142649

Грција ја бележи првата жртва по силниот земјотрес кој го погоди островот Лезбо. Градоначалникот на Лезбос, Спирос Галинос изјави дека телото на една жена е пронајдено во рушевините во селото Вриса, на југот на островот. Селото претрпело големи штети од земјотресот.

Најмалку десет луѓе се повредени во потресите на островот, кој исто така се почувствувал и на западот на Турција, но и на други острови.

Пожарникарите соопштија дека засега нема информации за поголем број жртви или исчезнати.