Погледнете какво време не очекува во текот на утрешниот ден

nevreme1-46173-117664

Времето утре ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 степени.

Од утре попладне следува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи. Утре доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено на западот од земјава, а локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.

---

Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и во четврток претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува. Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.