Погледнете што им порачаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ

terasa_vmro-55022

ВМРО-ДПМНЕ денеска посочи дека граѓаните очекуваат да продолжи трендот на воведување мерки со кои ќе се зголемува минималната плата и ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

– Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места и просечна плата од 30.000 денари, како и минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5 проценти, рече Христијан Делев на прес-конференција додавајќи дека министерот за финансии Драган Тевдовски изјавил оти веднаш по формирањето на Владата, ќе побара од Парламентот зголемување на минималната плата за текстилната и кожарската индустрија на 12.000 денари.

Делев потсети дека Законот за минимална плата е донесен на 1 јануари 2012 година кога е утврдена сума од 8.050 денари, а во следните години минималната плата е зголемена до 10.800 денари.

– Да не беа блокадите и деструкцијата од СДС, денеска таа плата ќе беше многу повеќе, рече Делев, додавајќи дека со утврдувањето на минималната плата над 65.000 работници го решиле долгогодишниот проблем.

Според Делев, врз зголемувањето на минималната плата во изминатиот период влијаеле економскиот раст од неколку проценти секоја година, стабилната економија, како и активните владини политики за стимулирање на нови работни места.