Во пожарот во Лондонската зграда мајка си го фрлила бебето од тараса

2f001290b3458bf474ed02a80bcdab29_bd15e45c6534c6b055a215b1bd66ffd0_thumb_xl

Додека лондонскиот „Гренфел тауер“ гори, очевидци раскажуваат стравични ситуации, во кои од зградата се слушаат вресоци, луѓе излегуваат на прозорци, а една мајка си го фрли бебето од деветтиот или десеттиот кат во обид да го спаси неговиот живот, кое потоа било фатено од страна на некои луѓе кои стоеле пред зградата, пренесува „Скај њуз“.

Некој станар, пак, направил импровизиран падобранец и се обидел со него да се спушти преку прозорецот. Во обид да се спаси жива глава, луѓето прават неверојатни работи кои кај очевидците ќе останат запаметени засекогаш.