Пукање во Арачиново

пукање-во-Арачиново-5

Едно лице е рането со пиштол во пукање што се случило утрово околу 11 часот во Скопје на улица „Момин Поток“ во автоплацот „Ауто Свис“.

Татко и син од Арачиново со пиштоли испукале неколку куршуми кон 38- годишен скопјанец, по што со возило избегале.

Повреденото лице со прострелна рана е префрлен во Клиничката болница Систина. На лице место најдени се четири чаури и траги од крв.