Новости
23.07.2017 01:54

Откриени нови детали за терористичкиот напад во Куманово, 900 полицајци биле…

maxresdefault

По промената на професионалните кадри во МВР и замената со партиски послушници кои ќе ги следат партиските директиви медиумите на власта не запираат со напади кон полицијата.

Неделникот Фокус излезе со наслов ,, Над 900 полицајци добиле награда за Диво Насеље, а некои не биле ниту во Куманово!’’.

Во својот обид да водат негативна кампања насочена против опозицијата СДСМ не бира средства. Во последниот обид за дезавуирање на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини полицијата и нејзниото тогашно раководство дека исплаќала обештетување за учество во борбените дејствија на луѓе кои не учествувале во акцијата. СДСМ ја напаѓа полицијата, додека е заедно во коалиција со човек кој бил во директен контакт со терористите. На вчерашното судење за случајот ,,Диво Насеље’’ се обелодени од ПИМ мерките дека за време на најголемиот судир на терористите со полицијата Артан Груби и челници од ОБСЕ биле во контакт со терористите за да се обидат да договорат мирно предавање на терористите.

За ситуацијата да биде уште пострашна од извори на неделникот Фокус во владата на СДСМ се најавува декласификација на имињата на учесниците во полициската акција во Диво Насеље за да се докажат наводните ,,малверзации’’. По барањата за доживотен затвор за терористите од Диво Насеље од обвинителството и постојаните закани на терористите во судот кон македонската држава и полицијата која ги уапси, декласификацијата на имињата на полицајците кои учествуваа во борбените дејствија во Куманово ќе го загрози животот на полицајците и нивните семејствата. Владата на СДСМ досега видовме дека е спремна да ја витка кичмата и да ги предаде македонските национални интереси, но никој досега неможеше да претпостави дека се спремни да ги загрозат животите на македонските херои и нивните семејства само за да добијат некој албански глас повеќе на наредните избори.