Новости
27.07.2017 14:02

Се урнат авион во Грција, има и загинати, полицијата вели дека во авионот имало…

policija_16

Двајца мажи загинаа во пад на мал авион, чии остатоци беа пронајдени денеска во близина на Лариса, откако синоќа исчезнал од радарот, јави допсиникот на МИА.

Телата на двајцата мажи биле пренесени во Општата болница во Лариса.

– Леталото „Ултралајт ТЛ-20“ се урна во близина на пистата 17 на аероклубот Лариса, изјави претседателот на аероклубот Христос Литарис за грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Двајцата патници, бизнисменот Дионисис Цекурас, кој бил сопственик на авионот и поручникот Никос Григориу, биле пилоти со искуство.