Македонија
02.08.2017 19:02

Вистинска трагедија во домот на Жељко Јоксимовиќ…

zeljko_mina-650x525

Ќерката на популарниот пејач од првиот брак, Мина Јоксимовиќ објави дека Јован Пуцаревиќ (47), кој починал при пад од висина од 500 метри во Лисичји јарак е нејзин вујко.Мојот вујко Јован Пуцаревиќ почина.

Искрено сочуство за семејството Пуцаревиќ. Голема трагедија – напиша на Фејсбук ќерката на Жељко од првиот брак.

Во неделата околу 13 часот на Пуцаревиќ при скок на аеродромот во Лисичји јарак му се заплеткале јажињата од главниот и помошниот падобран кои по грешка се отворени во исто време, по што паднал од висина од 500 метри. Јован по падот е донесен во тешка состојба во болницата во Земун, каде и покрај напорот на лекарите, ја загубил битката со животот.