Македонија
02.08.2017 19:27

Огромен пожар беснее во близина на Скопје, погледнете што се случува во моментов таму…

CD6262A4-EBD7-4C48-A5B1-7E8B3E157D49_cx0_cy8_cw0_w1023_r1_s

Голем пожар попладнево го зафати скопското село Орман, во општина Ѓорче Петров. Според мештаните, огнот се шири со огромна брзина низ целиот планински предел.

Пламените јазици се шират кон населеното место.  Жителите стравуваат за своите домови и бараат помош.

Според нивните искази, пламенот се спуштил до автобуската станица во селото. Се жалат дека противпожарните возила немале доволно вода, а и пумпите не им работеле.

„Немаме што да правиме, толку ни се силите, немаме ниту екипи, ниту опрема“, вели  градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски кој попладнево е во скопското село Орман, кое го зафати силен пожар. Огнената стихија се шири кон скопско Волково, доведувајќи ги во опасност и другите населени места.

Мешаните велат дека во моментов се справуваат сами како знаат и умеат со огнената стихија. Огнот е најсилен во непосредна близина на селската црква.

Репортерот на „Макфакс“ јавува дека на терен е само едно противпожарно возило, додека пумпите на другото возило биле расипани.

Жителите се во паника и страв.