Македонија
10.08.2017 13:02

Огромна измама од T-Mobile и Vip во Македонија, на граѓаните им стасаа огромни сметки

telecommm

Се повеќе и повеќе дискусии се појавија на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер откако пристигнаа сметките за телефон кај македонските граѓани.

Двата оператори, кои дефинитивно “оперираат” во џебовите на македонскиот народ навистина претераа со измамата овој пат. Покрај одморите на граѓаните и постојаното дремење на телефон и прикачување фотографии, како и разговарање и чатување со пријтелите, тие добија огромни сметки за телефон, благодарение на огромното количество потрошен интернет.

Како што можеше да се забележи, кај некои граѓани сметките за телефон достигнуваат 6-9.000 денари за месец Јули оваа година, а граѓаните на социјалните мрежи во моментов подготвуваат групна тужба до нашите оператори.

Дали надлежните ќе излезат со некакви информации и ќе спроведат некаква истрага поврзана со оваа измама, која во Македонија станува се почеста, останува да видиме.

Тимот на Think апелира до надлежните да спроведат итна истрага и да ги заштитат граѓаните, како и нивните финансиски средства.