Свет
10.08.2017 14:16

Руски шпиунски авион, прелета над зградата на ЦИА и над Белата Куќа во САД

img-349570

Невооружен руски воен авион изврши летови над зградите на американскиот Капитол, Пентагон, Белата куќа, ЦИА и други важни административни згради, потврди денес мрежата ABC.

Летот низ најсигурните воздухопловни зони во САД беше дозволен согласно Спогодбата за отворено небо со која на земјите-потписнички им се дозволува да снимат фотографии од воздух, во насока на промовирање на транспарентност на воените активности.

Рускиот авион „Tupoljev TU-154-M“ леташе над зградата на ЦИА во Лангли, Вирџинија, како и над Кемп Дејвид и воздухопловната база Ендрјуз.

Летовите за кои прва објави мрежата CNN, се реализираа согласно Спогодбата што ја потпишаа 34 земји, вклучувајќи ги Русија и САД.

„Дојдоа кај нас и ние ќе отидеме кај нив. Тоа е взаемно договорен процес“, рече официјален претставник на САД. Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: