Македонија
11.08.2017 16:25

Ниту една држава не ги сака мигрантите, Македонија ќе им поклони бесплатни станови

akt256-migranti-1

Секојдневно илјадници граѓани од држави членки на Европската Унија протестираат по улиците против нелегалната миграција од блискиот исток и северна Африка на европско тло.

Граѓаните на Европа немаат недостиг на емпатија или расистички сфаќања кон овие луѓе. Граѓаните на Европа имаат проблем со напливот на криминал, полови напади и лична економска девалвација, промената на демографската слика на своите држави како и негрижата на државите за проблемите на сопствените граѓани туку решавање на проблемите на овие економски мигранти.

Последниот протест во оваа низа се случи денес во северно италијанското гратче Вентамиглиа каде голем број на граѓани се собраа пред градското собрание да протестираат против прифатните центри кои се во план да се градат во нивниот град. Локалното население вели дека ситуацијата со мигрантите во градот и во државата излегува надвор од контрола, граѓаните се жалат дека не се чувствуваат сигурно да се шетаат околу и градот е претворен во еден голем камп за мигранти и тоа со пари од даноците на граѓаните. Тие се жалат дека според Уставот граѓаните се суверенот на државата и се прашуваат каде е овој суверенитет, државата мора да ги слуша велат граѓаните. Бизнисмените се жалат дека туризмот во градот е уништен, сите имаат помалку работа, граѓаните велат дека нема услови за живот во овој град, нивните жени не можат навечер да се шетаат сами, мигрантите се движат во групи по 4- 5 луѓе и ситуацијата е деградирачка за граѓаните.

Државите кои примија најголем број на мигранти се соочуваат со огромен наплив на организиран криминал, полови напади и пропаст на локалните економии. Голем број на држави членки на Европската Унија поучени од негативните импликации врз државите кои примија најголем број мигранти одлучија да не ја прифатат агендата на Европската Комисија за мигранти.

Владата на Заев веќе ја усвои стратегијата на Мила Царовска за бегалци и мигранти која има во план изградба на мигрантски кампови на цела територија на Македонија. Покрај изградба на кампови во план е изградба на станови, бесплатно образование, бесплатна здравствена заштита како и плаќање на кирија од страна на државата за оние мигранти за кои нема да се обезбеди стамбен простор, во план е и исплата на социјална помош за мигрантите.