Македонија
12.08.2017 16:14

Објавени шокантни тајни за Зоран Заев, Македонскиот народ не може да си поверува

15181378_1857481994485664_3672769215033830864_n

Германска компанија за управување со отпад, со седиште во Тетово, позната под името „ЕКОЛОГ“ која била ангажирана од НАТО мисијата во Авганистан, во 2010 година била обвинета за шверц и трговија со дрога.

Обвинувањата против „Еколог“ и семејството кое ја води фирмата од Македонија, датираат уште од војната во Косово – пишува германската државна агенција „Дојче Веле“.

Во 2010 година, јавноста во Германија беше запрепастена од информациите за компанија формирана во Германија која била ангажирана од мисијата на НАТО во Авганистан во рамки на „ИСАФ“, била инволвирана во шверц со дрога.

„Се сомневаме дека дрога и други слични работи биле шверцувани“, изјавил генералот на НАТО Егон Рамс, шеф на штабот на ИСАФ во Холандија, за германскиот јавен сервир НДР.

Германскиот генерал ја потврдил информацијата дека истрагата е во тек, во која се испитуваат врските на компанијата Еколог од Дизелдорф и договорите кои ги склучиле со НАТО и мисијата ИСАФ, како и некои недозволени активности помеѓу двете страни. Фирмата работела за НАТО во Авганистан од 2003 година.

Сопственикот на ЕКОЛОГ, со генералите на НАТО
Тогаш, во реакција до Дојче Веле, од „Еколог“ ги отфрлиле обвинувањата како „апсурдни“ додавајќи дека ништо од кажаното не е точно.

„Од 2002, компанијата е сигурен партнер на НАТО и Германскиот бундесвер во кризните региони“, изјавиле од Еколог.

Обвинувањата датираат уште од војната во Косово.

Еколог биле ангажирани од мисијата ИСАФ за одржување на хигиената на војската, поточно, перењето на валканите униформи на локации во Кабул, како и расчистување на смет во воениот аеродром и штабот на ИСАФ во Авганистанскиот главен град. Компанијата исто така била одговорна и за испорака на гориво за трупите на НАТО во минатото.

Според националниот сервис во Германија, НДР, обвинувањата против Еколог и Македонско-Албанското семејство кое раководи со компанијата, датираат уште од војната во Косово. Тогаш, силите на КФОР имале сознанија дека можеби постојат врски помеѓу семејството Дестани и организираниот криминал на Балканот.

НДР цитира и таен извештај на КФОР во кој се вели дека „семејството Дестани од Тетово ги контролира криминалните и шверцерските активности на Косовско-Македонската граница“.

Сите договори на Еколог подложни на ревизија

„Ова дури сега го привлече моето внимание“, рекол генералот на ИСАФ Рамс. „Секако ова автоматски ќе предизвика започнување на истрага за да се провери дали Еколог сеуште е респектабилен бизнис партнер за нас“.

НДР додава и дека информациите за сомнителните активности за компанијата се достапни во базите на НАТО.

Активност во Македонија

Еколог е позната и голема компанија која оперира од седиштето во Тетово, главен спонзор на фудбалскиот клуб Шкендија. Освен ова, во јавноста постојат шпекулации дека сопствениците на Еколог имаат добри врски со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, чија кампања според непотврдени информации била финансирана токму од Дестани.

Освен ова, рекламите на Еколог беа редовна глетка и на порталите финансирани и спонзорирани од Сорос и УСАИД, а под контрола на СДС.

Но, она што загрижува највеќе е тоа што, според сеуште непотврдени информации за редкацијата, сопствениците на Еколог, застанале и позади кампањата на Зоран Заев и СДС, притоа финансирајќи значаен дел од истата.

Претходно, во јавноста кружеа информации дека Зоран Заев добивал големи парични средства, стекнати преку криминал и трговија со дрога, а неретки беа и фотографиите од лидерот на СДС со криминалното подземје од Скопје и Тетово.

По почетокот на кампњата, оваа улога ја презеде Петре Шилегов како носител во шестата изборна единица, а кого можевме да го видиме во редовно друштво со сомнителни лица од Тетово и тетовско.

Освен ова, Зоран Заев и јавно се пофали дека е страствен навивач на „Шкендија“ иако никогаш претходно во животот не го интересирало фудбал, или пак изразил симпатии кон некој друг Македонски тим.