Македонија
15.08.2017 17:39

Објавена фотографија од местото каде што беше убиен Дилавер Бојку во Струга (ФОТО)

aracinovo-policija-1-blur

Албанската новинска агенција (ИНА) попладнево објави фотографии од местото на кое денеска смртно беше застрелан Дилавер Бојку- Леку.

-Ова е местото каде што беше убиен Дилавер Бојку, МВР сеуште без детали, стои во насловот на ИНА, која ги објави фотографиите.

ina-1-640x434

Засега непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје.

Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец.

plazhi3-640x480