Македонија
15.08.2017 16:08

Откриени нови шокантни тајни за убиениот Дилавер Бојку, тој во Струга бил главен за…

bojku_policija

Познатиот осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Дилавер Бојку-Леку попладнево е застрелан со куршум во глава на плажа во Струга.

Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу во центарот на Струга. Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница каде им подлегнал на повредите.

Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата“, по што следуваше негово апсење, минимални пресуди, по што избега од Македонија. Следуваше екстрадиција од Црна Гора за на крај да се вклучи во бизнис во туризам и угостителство.

Во немање на конкретни информации од МВР, низ струшката чаршија кружат шпекулации околу мотивите за престрелката. Дали се работи за бизнис, политички мотиви или крвна одмазда?

Дилавер Бојку од поодамна и е познат на јавноста во земјава. Негово име се поврзуваше со криминал и проституција. За тоа лежеше и неколку години затвор.

Негов објект беше на мета на локалната власт на екс-градоначалникот Зијадин Села која му урна дивоградба во центарот на Струга, по што Села пријавуваше дека добивал закани.

АРХИВА: Како Дилавер Бојку во јуни 2013-та му се закануваше на Села?

Градоначалникот на Струга Зијадин Села во јуни 2013-та во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственикот на угостителскиот објект „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим.

-Општината деновива на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат дивоградбите на кејот, пишуваа тогаш медиумите.

Леку, очигледно револтиран поради ова, упатил вербални закани до градоначалникот. Полицијата тогаш потврди дека добиле пријава од струшкиот градоначалник. Тие го повикале Дилавер Бојку во станица и писмено го предупредиле дека сопственикот Дилавер Бојку треба да престане со заканите, а проблемите да ги решава во институциите.