Свет
15.08.2017 15:59

Третата светска војна започнува за 24 часа? Лидерот на Северна Кореја со шокантна изјава против Америка

141030115427-03-kim-jong-un-1030-horizontal-large-gallery

Лидерот на Северна Кореја најави дека на 15-ти август (утре) со четири балистички ракети ќе го нападне островот Гуам во Пацификот каде е лоцирана воената база на САД!

Медиумите во Пјонгјанг објавија детален план за планираниот напад според кој С.Кореја со четири ракети ќе го погоди островот Гуам во Пацификот каде е лоцирана војската на САД.

Деталниот план :

Според наодите од новинарската агенција КЦНА, комплетниот план за напад на Гуам ќе бидат завршени до средина на Август (15-ти овој месец), па откако ќе биде презентиран на лидерот на С.Кореја, би требало веднаш да се реализира.

Планот подразбира да се лансираат четири проектили од среден дострел “hvasnog-12” кои ќе прелетаат над Јапонска Хирошима. Ракетите ќе прелетаат 3.356,7 километри за 1.065 секунди пред да ја достигнат обалата на Гуама. Ќе паднат измеѓу 30 и 40 километри од обалата – наведе генералот на стратешките сили на Северна Кореја, Ким Рак Гјом. Не е наведено дали нападот ќе биде изведен со нуклеарна воева глава, како што досега се закануваа од С.Кореја.

Истовремено повеќе од 4 милиони севернокорејци излегоа на улиците на Пјонгјанг да го поддржат нападот. На централниот плоштад во престолнината маршираа и извикуваа воени песни со дигнати тупаници во воздух.